Софиа Вергара и Џо Манџаниело нема да губат време. Како што се дознава од нивните пријатели, сакаат што побрзо да запловат во брачните води и така нивна свадба можеме да очекуваме веќе ова лето. Токму тоа е една од причините што Софиа пет пати неделно минува по два часа во теретана. Наводно сака да изгледа апсолутно совршено кога ќе чекори кон олтарот.

 

Актерката признала дека сака благо и храна воопшто, но не сака да се откажува од ништо така да одлучила со редовно вежбање да ја одржи својата совршена линија. Во една прилика изјавила дека вежбањето не и претставува мачење, но и дека е доволно дисциплинирана да се натера сепак да вежба, бидејќи како што вели самата, во нејзини години не е баш лесно сите нешта да се задржат на свое место.