Екипата на Тотенхем се врати во игра за пласман во првите четири места на табелата во Премиер лигата, откако во дербито на колото со 2-0 (0-0) го совлада составот на Манчестер Сити.

Двете полувремиња беа содржајни, но одлуката за победникот падна во вториот дел од натпреварот. Во првите 45 минути, Манчестер Сити беше подобар противник и ја имаше најзрелата шанса за погодок, но Илкај Гундоган не реализираше од белата точка.

Во екот на борбата во второто полувреме, гостите од Манчестер останаа со фудбалер помалку. Втор жолт за недозволен старт доби Зинченко. Фудбалерот плус во поле Тотенхем го искористи веднаш постигнувајќи водечки погодок преку дебитантот Бергвин во 63-та минута. Осум минути подоцна Сонг зголемина 2-0. Сонг мрежата на гостите ја погоди со помош на Фернандињо кој и го смени правецот на топката.

Пеп Гвардиола внесе во игра нови фудбалери, но негативата беше голема и Манчестер Сити претрпе нов пораз во Премиер лигата.

OhridNews