Со 108 гласа ЗА попладнево се распушти македонското Собрание. Со тоа се исполнуваат условите за одржување на предвремени парламентарни избори кои, како што беше најавено, би се одржале на 12 април.

Одлуката треба да биде објавена во Службен весник, по што претседателот на собранието Талат Џафери ќе треба да ги распише изборите.

Во текот на седницата која помина во тензична атмосфера, беа усвоени Законот за јавно обвинителство, Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Законот за управување со предметите во судовите, Законот за заштита на лични податоци, Законот за инспекторатот за употреба на јазиците и Законот за урбано зеленило.

OhridNews