Одлуката за распуштање на Собранието ќе се гласа во четврток, а во петок треба да бидат распишани предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 5- ти јуни.

За ова денеска информираше претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, по завршувањето на координацијата со координаторите на пратеничките групи.

На координативната средба присуствуваа само координаторите од владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Пратениците во текот на денешниот и утрешниот ден треба да се потпишат на предлог одлуката за распуштање на Собранието, која треба да биде ставена на гласање во четврток.

Собранискиот спикер упати апел до сите пратеници да се потпишат на предлог одлуката и ја повика опозицијата да учествува во работата на Собранието утре и во четврток.

OhridNews
извор: Makfaks