Денеска пред македонското собрание е поставен предлогот за нова влада. Предложен е нов состав од 19 министри, за кој денеска и утре ќе дебатираат пратениците. Гласањето треба да заврши најдоцна недела до полноќ.

За избор на Владата е потребно просто мнозинство од 61 глас.

Новата влада е предложена од коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ, ДУИ и ДПА, кои заедно имаат мнозинство во Собранието од 62 пратеници.

СДСМ денеска соопшти дека новата Влада е подготвена посветено да работи пред се на економскиот раст во државата во полн четиригодишен мандат.

Новиот владин состав одговорно, отчетно и посветено ќе работи и гарантира континуитет во спроведувањето на нашите заеднички стратешки приоритети: членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со коронавирусот и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции. – соопшти СДСМ.

OhridNews