Собранието ја продлжи 81-вата седница, на која пратениците расправаат за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.
По барање на пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ за едночасовна пауза, сединцата која започна по 15 часот беше веднаш прекината.
Ова е многу редок исклучок кога овие пет работни дена се прекинуваат за седница која нема апсолутно врска со одлука на Собранието. Вообичаен заклучоци се разгледуваат на комисија, па дури потоа доаѓаат на пленарна седница. Тоа е вообичаена пракса, а ова го правите само за да избегнете широка јавност и транспарентност на овој подмолен процес. Сакам да ви порачам дека ниту еден документ кој вие би го потпишале, изгласале, протнале нема да има легитимитет и важност се додека не го добие најбитниот потпис и најбитниот печат, а тоа е печатот и дозволата на македонскиот народ, рече Стојановска и го искина документот за кој рече дека е лажен и не е документ по кој денеска ќе расправа Собранието.
Поради тие причини, нагласи, ќе побарам пауза која можеби ќе ве предомисли и ќе одлучите да го вратите овој, како што рече „ништовен, понижувачки и подмолен документ во Владата зашто се работи на меѓувладина конференција“.
OhridNews