– Постои добра клима, има добар амбиент помеѓу двете држави конечно да се реши ова прашање, затоа што е во полза и на Македонија и на Косово, но ќе биде исто така многу добра порака за меѓународната заедница, а особено за Европската унија, дека земјите од Западен Балкан, се способни за да одлучат и да ги решаваат сами проблемите, изјави Ахмети.
Македонија го призна Косово пред една година, но нема воспоставено дипломатски односи со најмладата балканска држава.