Илчо Ѓоргиоски за претседател беше реизбран со едногласна одлука од 91 делегат. Ништо поскромно не помина изборот на новите дисциплинци, комисијата за жалби, надзорен одбор и комисијата за лиценцирање на клубови.
Еден воздржан, но не и против имаше на гласањето за намалувањето на Првата и Втората лига. Сепак тој глас беше премалку да се избегне намалувањето откако останатите 81 го кренаа препознатливото „зелено лифче“.
Но, состојбата во мак-фудбалот е далеку од зелена. Посебно не, на терените ширум Македонија каде фудбалерите треба да ги покажуваат своите квалитетите, а неможат.
Бледа, а можеби и црна е сликата за стадионите кои ги имаат клубовите кои се натпреваруваат во Првата македонска фудбалска лига. Елитата повеќе наликува на „аматерскa“ него на професионална лига.
Соблекувалните се постари од фудбалерите, а поголем дел не се функционални. На трибините од стадионите ширум Македонија неможеш да дојдиш да гледаш без соодветна заштита од дожд или сонце.
Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓоргиоски најави реформи во тој правец и формирање на комисија која пред почетокот на сезоната ќе ги посетува стадиониот на кои се натпреваруваат екипите од елитата за да им дадат „зелено светло“ за организирање на натпревари од највисок ранг.