Собранието на Р. Македонија на 17. седница што  се одржа  денеска, по брза постапка ја усвои одлуката за подигање меморијален споменик во чест на трагично загинатиот музичар Тодор Проески во Крушево.  

„Неговите дела се пример и порака за сите генерации. Со подигање на меморијалниот споменик на достоинствен начин ќе го одбележиме споменот за Тоше и неговиот лик и дело“, изјави министерот за култура, Елизабета Канческа Милевска, во образложението на предлог одлуката.

Македонската музичка ѕвезда и хуманист, Тоше,  загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во близина на Нова Градишка – Хрватска.


Ohridnews