Со 114 гласови ЗА, ниту еден против и без воздржани, собранието го усвои Законот за ратификација на Северноатлантскиот договор за членство на земјава во НАТО Алијансата.

Пред гласањето, на седницата се обратија претседателот на државата, Стево Пендаровски, собранискиот спикер, Талат Џафери и претставници од политичките партии во парламентот.

До полноправното членство во НАТО, Македонија ја дели само ратификацијата во Парламентот на Шпанија.

Предлог-законот за ратификација влезе во собраниска процедура, бидејќи Владата се одлучи за предвремена ратификација, со цел да не се загуби континуитетот во процесот на официјализирање на нашето членство со предвремените избори на 12 април.

OhridNews