Со 101 глас „ЗА“ Собранието попладнево ја изгласа техничката влада која ќе ја предводи државата до изборите најавени за 12 април, односно до конституирањето на нова политичка влада. На чело на Техничката влада ќе биде Оливер Спасовски од СДСМ. Нему денеска претседателот Пендаровски му го врачи мандатот, откако претходно премиерот Заев поднесе оставка, која беше прифатена од Собранието.

Новиот премиер во обраќањето пред пратениците, истакна дека владата ќе ги преземе сите неопходни мерки претстојните избори да бидат  соодветно организирани и успешно спроведени. Најави соработка со Собранието, посочувајќи дека сите политилки чинители, вклучитено и опозицијата, имаат историска одговорност да продолжат со организирање на избори како што доликува на една европска држава.

Согласно договорот од Пржино, во преодната влада која за цел има спроведување фер и демократски избори, министри и заменици министри ќе има и опозицијата. Нејзин ресор, меѓу другото, ќе биде МВР, каде технички министар ќе биде разузнувачот Наќе Чулев.

OhridNews