Собранието попладнево на продолжение на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд.

Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за судија на Уставениот суд беше претходно завршен.

По изборот Кацарска даде свечена изјава за стапување на функцијата.

Кацарска доаѓа на функцијата уставен судија од местото судија на Основниот кривичен суд Скопје на предлог од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

OhridNews