Вкупно 9.049.887 денари парични средства биле собрани за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија, заклучно со вчерашниот ден. Како што соопшти Црвениот крст на Република Македонија, преку мобилните телефони од Т-мобиле, Оне и ВИП 070/075/077 143 400 до вчера напладне биле обезбедени 8.264.700 денари, а на сметката на Фондот на солидарност биле уплатени 785.187 денари.

Во неделата Црвениот крст  дистрибуираше хуманитарна помош во Битола и тоа 465 килограми со прехранбени продукти и 54 тони вода за пиење, во Штип се доставени 40 тони вода за пиење и во Куманово 15 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 20 пара гумени чизми, 45 ќебиња и 1000 литри вода за пиење.

OhridNews