Во петок по повод празникот на соборниот храм „Свети Ѓорѓи“ во Струга, ќе се одржи Божествена Литургија во 8 часот наутро, а попладне во 16 часот часот ќе има вечерна богослужба.


Парохиските свештеници на храмот соопштуваат дека по вечерната богослужба ќе се организира  и литија (опход), по струшки наречена ордија.


Оваа година за литијата ќе бидат изнесени и моштите на Свети Ѓорѓи од истоимениот манастир  во село Рајчица, Дебарско, метох на Бигорскиот манастир.

OhridNews