Австралијанецот Џон Алвуд го собори сопствениот светски рекорд кршејќи 47 лубеници со глава во минута.

Тој професионален берач на лубеници од градот Чинчиле, 300 километри северно од Брисбан, минатата година на фестивалот посветен на овој вид овошје со глава скршил 40 лубеници за една минута.


Во Чинчили се одгледуваат една четвртина од вкупниот австралиски род на лубеници и секоја година се одржува 4-дневен фестивал посветен на лубениците.

Учесниците, меѓу останатото се натпреваруваат во фрлање лубеници од рамо и плукање семки во далечина.