Во рускиот град Сочи е соборен светскиот рекорд во скијање во бикини кога повеќе од 1000 учесници истовремено се спуштија низ падините на одморалиштето Роза Кутор. Организаторите на овој настан велат дека се пријавиле околу 2400 учесници, а дека повеќе од 1000 од нив се појавиле на патеката, со што се срушен претходниот рекод поставен во Сибир.

 

Спуштањето низ патеката минало глатко, без инциденти, а на чело на колоната биле професионални инструктори по скијање. Организаторите сега очекуваат официјална потврда на комисијата при гинисовата книга на рекорди. Претходниот рекорд е поставен во руското зимувалиште Шарагеш во Сибир, каде 700 мажи и жени се спуштиле низ падината, но Гинисовата комисија изброи само 500 скијачи.