Соборувањето на рекордот го организирало српското издание на весникот Космополитен. се собрале околу 3300 девојки од цела Србија на белградското капалиште Ада Циганлија. Тие со своите тела го формирале зборот Космополитен. Програмата ја водел познатиот белградски водител Зоран Кесиќ, а девојките се натпреварувале во караоке.
Главниот уредник на Космополитен бил презадоволен од настанот и изјавил дека девојките кои учествувале во оваа акција се најубави и најхрабри. Прво собирање од ваков тип било одржано 2007 година во Австралија кога се собрале 1000 девојки, а досегашниот рекорд го држеле 1923 девојки од Русија.