Со разговор за американските претседатели, поразите, и лични прашања, еден новинар и еден писател во четвртокот во Норвешка успеале да го соборат рекордот за најдолго интервју на светот. Норвешкиот интелектуалец Ханс Олав Лалум почнал да одговара на прашањата на новинарот Мадс Андерсен точно на пладне. Маратонското интервју, водено на сајтот на таблоидот VGTV, продолжило и наредниот ден со траење од 30 часа како би се поставил новиот рекорд. Андерсон припремал долга листа прашања од различни теми, од американските претседатели, за кои Лалум многу пишувал, преку криминалистички романи, до повоената политика во Франција, Германија, Велика Британија и скандинавските земји.
Лалум е историчар, писател, кандидат на левицата на минатогодинешните избори и шахист. Нeговите одговори предизвикале восхит кај многумина, а посебно кај норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен. Светскиот број еден во шах преку Твитер поарчал дека да се знае по малку за многу работи ве прави образована личност, но да се знае се за секоја тема, тоа е достојно за учебник по историја. Андерсен и Лалум за време на интервјуто имале право на пауза од пет минути на секој час. Досегашниот рекорд во најдолго интервју го држеле од април 2012 двајца жители на Нов Зеланд, новинарот Том Купер и политичарот Тим Шатболт, чиј разговор траел полни 26 часа.