Нов рекорд за најдолга прегратка на светот бил поставен неодамна во Лондон. Шест парови се обиделе да го соборат дотогаш важечкиот рекорд, но само четири од нив на крајот издржале 24 часа и 44 минути. Интересниот настан бил организиран на меѓународната железничка станица Сент Пенкрас во Лондон, во рамките на лондонската кампања која за цел има поставување на што повеќе рекорди во британската престолнина пред почетокот на летните олимписки игри во 2012 година.
Меѓу победниците на натпреварувањето биле и ѕвездите на BBC серијата “The Choir”, Лорна Талет и нејзиниот сопруг Брајан. Паровите имале право на петминутна пауза на секој час. Претходниот рекорд изнесувал 23 часа и 33 минути.