На Тајланд бил поставен нов рекорд во вртење хулахоп кога околу 5000 лица истовремено ги завртеле своите шарени обрачи. Од Гинисовата книга на рекорди било соопштено дека 4483 лица седум минути непрекинато го вртеле популарниот реквизит следени од музика за танцување. На стаионот на универзитетот Тамасат се собрале 5000 лица, но 517 од нив испаднале од игра, бидејќи предвреме го испуштиле обрачот.
Организатор на овој забавен настан било тајландското министерство за здравје. Претходниот рекорд бил остварен на Тајван во 2011 кога 2496 лица две минути истовремено вртеле хулахоп. Најдолго вртење на хулахоп од едно лице без прекин изнесува 74 часа и 54 минути, што било остварено од страна на американецот Арон Хибс, додека рекордот по број на истовремено вртење на хулахопи на еден човек го постигнал Павао Дизи, исто така американец, кој успеал да заврти 132 обрачи околу себе.