Менаџерот на забавен парк на брегот на езерото Мичиген во Чикаго, Клинтон Шепард, го соборил светскиот рекорд во најдолго возење на панорамско тркало, возејќи се повеќе од два дена. Шепард минал 48 часа, 8 минути и 25 секунди возејќи се на панорамско тркало за време на викендот. Тој ова возење го нарекол неодоливо искуство кое му било олеснето од поддршката на семејството, пријателите и градот Чикаго.

Екипа на Гинисовата книга на рекорди му дозволила на секој час да направи пауза од пет минути. Тој со часови играл видео игри како би останал буден за време на возењето, и гледал филмови за Џејмс Бонд и Бетмен. Поддршка му давале и неговите следбеници на Твитер.