На пописот на интересни рекорд се сврстил и еден жител на Белгија кој пржел компири цели 83 часа. Така дури за 11 часа го срушил досегашниот рекорд во оваа категорија. Сопственикот на ресторан Крис Версшуерен успеал да испржи вкупно 1500 килограми компири, кои ги продавал по едно евро а порција.


Половина од приходот ќе биде дониран на детската болница, а половина ќе ги покрие трошоците. Обидот за продавање рекорден број порции помфрит од 1500 пропаднал, но Крис сеедно успеал да остане буден 83 часа. Имал право на пауза од пет минути на секој час.