Втор пат во последниве три години еден брачен пар од Тајланд поставил нов рекорд во должината на бакнеж по повод денот на вљубените. Овој пат непрекинато се бакнувале 58 часа, 35 минути и 58 секунди. Екачи и Лаксана Тиранарат од Бангкок победиле на натпреварот и како што тврдат организаторите, поставиле нов рекорд, но резултатот треба уште да биде потврден од претставниците на Гинисовата книга на рекорди.
Истиот овој пар победил на натпреварот во 2011 година и добил награда од 3000 долари и два дијамантски прстени. Натпреварувањето започнало пред три дена, а на почетокот имало девет парови. На учесниците не им било дозволено да седнат или да се одморат, па дури и морале да одат заедно во тоалет, со споени усни.