Новинарите на Британскиот весник Mетро дознаа дека светскиот рекорд во јадење ресани е само четири кутии. Ги повикале своите читатели да го срушат. Многу се пријавиле, но само еден ја постигнал целта.

26-годишниот Пол Вилсон од Лондон изел 6 кутии, додека второпласираниот Енди Робинсон една помалку. Новиот шампион вели дека тајната на успехот лежи во техниката на јадење. Објаснува дека чоколадната страна треба да се стави на јазикот, па да се гризне кексот за да се ослободи желето.