Американката Соња Томас изела 183 пилешки крилца за само 12 минути и така го соборила сопствениот рекорд на натпреварот во Бафало, пренеле американските агенции. Томас на десеттиот фестивал на крилцата го победила Џој Честнат кој го зазел второто место, бидејќи изел 174 крилца.
Таа освоила награда од 1500 долари, додека Честнат за освоеното второ место добил 750 долари. Томас самата себе се нарекува „Црна вдовица“, бидејќи секогаш успева да ги победи мажите на ваквите видови натпревари.