На денешен ден се празнува празникот
Собор на Св. Архангел Гаврил. Овој празник е востановен во чест на
Архангелот Гаврил, кој се смета дека служи како гласник на Бога и еден
од големите Седум архангели кои стојат пред престолот Божји.


На
денешен ден се слават и чествуваат неговите чуда и јавувања низ целата
историја на човечкото спасение. Се смета дека оваа слава е востановена
најпрво на Света Гора во 9 век, за време на царевите Василиј и
Константин Порфирородните и на патријархот Никола Хрисоверг, а по повод
јавувањето на овој архангел во една келија близу до Кареја, каде што со
прст на камен ја испиша песната кон Пресвета Богородица „Достојно ест“.

 
Во
оваа прилика се приспомнуваат и останатите јавувања на архангелот
Гаврил: јавувањето на Света Ана кога ѝ благовестеше со ветувањето дека
ќе ја роди преблагословената и Пречиста Дева Марија; многукратното
јавување на Пресветата Дева додека таа пребиваше во храмот ерусалимски;
кога му се јави на првосвештеникот Захариј и го извести за раѓањето на
Св. Јован Крстител; кога повторно ѝ се јави на Пресветата Дева во
Назарет и и’ благовестеше за зачнувањето и раѓањето на Господ Исус
Христос; јавувањето на пастирите кај Витлеем; му се јави и на Самиот
Господ во Гетсиманската градина, кога Господ како човек беше
поткрепуван од овој архангел пред страдањето и кога им се јави на
жените

Мироносици.


Јасминка Т. Момироска