Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет.

Во минатото на територијата на Македонија се раѓале и дејствувале голем број светители, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа христовото учење. Меѓу нив се и сесловенските браќа Св. Кирил и Св. Методиј, Светите Климент и Наум, Гаврил Лесновски, Јоаким Осоговски и други.

Зачнувањето на Св. Јован Крстител

Овој ден се прославува милоста, чудото и мудроста Божја; милоста кон побожните и праведни родители на Св. Јован, старецот Захарија и старицата Елисавета, коишто целиот живот посакуваа и просеа од Бога едно дете; чудото на зачнувањето на Јован во престарената уторба на Елисавета; и мудроста во домостројот на човековото спасение. Ова стана затоа што Бог имаше извонредни намери со Свети Јован: имено, тој да биде Пророк и Предвесник на Господ Исус Христос. Преку Своите ангели Бог го објави раѓањето на Исак од бездетната Сара и на Самсон од бездетниот Маној и неговата жена, и на Јован Предвесник од бездетните Захарија и Елисавета, пишува во светата книга.

OhridNews