Од локалната самоуправа информираат дека собирот на граѓани за избор на членови на Совет на Урбана заедница 4 Воска, свикан од страна на Градоначалникот на општина Охрид, се презакажува за 18.03.2015 година ( Среда) со почеток во 19 часот. Собирот ќе се одржи во просториите на зградата на општина Охрид сала 1.
Урбаната заедница 4 Воска го опфаќа најголемиот дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. Бистрица, од Запад река Далјан, од Север булевар Туристичка – клучка и од Југ Охридско Езеро, реката Грашница.
OhridNews