Еден жител на Бугарија кој останал без работа и едвај спојувал крај со крај таа што собирал метален отпад ископал вистинско богатство вредно 1,4 милиони евра. Анонимниот човек пронашол седум парчиња накит, шест златници и две секири од бронзеното доба меѓу корените на едно дрво во градот Свистово.
Случајниот археолог на почетокот своето откритие го држел во тајност, но по сослушувањето морал да го предаде на полицијата. Според бугарскиот закон, сопственик на археолошки артифакти од вакво значење е државата.