Взаемната љубов и љубовта кон зачувувањето на околината навеле еден пар од Спокејн, во американската држава Вашингтон, да собира лименки за да ги плататтрошоците на свадбата. Медиумите јавуваат дека ќе соберат приближно пет тони алуминиум, кој рециклиран ќе чини 3800 долари.


Андреа Парис и Питер Гајер се надеваат дека ќе ја остварат целта до свадбата закажана за 31 јули. Својот план го опишале на интернет страната weddingcans.com.