Дваесетгодишниот Ервин веќе подолго време е заљубен во една жена, од него постара 10 години. Иако постојат сипматии од двете страни, жената не е спремна на врска бидејќи се плаши од околината и нејзините обвинувања поради разликата во годините.


Меѓутоа, Ервин дошол на идеја како да ја увери дека во нивната љубов нема ништо лошо. Ќе собере стотина потписи од луѓе кои ја поддржуваат нивната евентуална врска и така на својата симпатија ќе и докаже дека нема пречки за нивната љубов. Момчето новинарите од босанскиот весник Ас го фатиле во акција на собирање потписи, но не сакал да открие ништо за избраничката на неговото срце.