Стјуардот Дитер Капч од Австрија во секоја аеродром на кој ќе слета зема по една лажичка. Има колекција од вкупно 1760 лажички, а ги собрал од 447 аеродроми низ целиот свет. Рекол дека лажичките почнал да ги собира пред тринаесет години при една посета на Шпанија.


Истакнал и дека поседува лажичка од секој аеродром кој го посетил. Има и интернет страница на која објавува фотографии од различните лажички, а додал и дека во последно време има поддршка и од пријателите кои исто така му носат лажички.