Доколку го поминете аеродромското обезбедување и ви е потребно малку да се растегнете и да медитирате, аеродромот во Сан Франциско има решение за вас. Отворена била соба за јога со пригушено светло и сини ѕидови, каде патниците под стрес можат да се релаксираат. Официјалните лица на аеродромот изјавиле дека колку што им е ним познато, ова била прва соба за јога на некој аеродром.

Според нивните зборови, идејата за собата на новоотворениот терминал потекнала од еден патник. Директорот на аеродромот за собата рекол дека место каде на патниците им се нуди можност да се релаксираат и декомпресираат во сопствен ритам. Собата веќе го привлекла вниманието на голем дел од патниците кои се одлучиле да ја искористат.