На посетителите на еден трговски центар во Вилнус по повод денот на вљубените, им била претставена соба која во целост била направена од чоколадо. Портпаролот на трговскиот центар Акрополис, Фредерикас Јансонас, изјавил дека сакале да направат нешто единствено по повод денот на вљубените. Собата од чоколадо изгледала како традиционална литванска дневна соба.
Собата со површина од 17 метри квадратни била опремена со мебел, слики, свеќници и киги од чоколадо. За собата, која ја правеле седум лица, биле употребени 300 килограми чоколадо. На денот на жената, осми март, собата ќе биде уништена, а чоколадото поделено на посетителите.