Затвореникот Карлос Гарсија успеал да побегне од затвор во Њу Мексико откако ги пресекол металните решетки на прозорецот на неговата ќелија користејќи дршка од лижавче и жилет.

Откако излегол од својата ќелија Карлос “се премислил” за бегањето и повторно се искачил до неа користејќи ја постелнината од креветот.
Тој следното утро сам се пријавил, а на стражарите им кажал дека решетките ги сечел секој ден цели пет месеци. 
Уште не е познато зошто затвореникот се вратил во својата ќелија особено ако се знае дека служи доживотна казна за две убиства.