– Ако вие го искористите просторот како сега да нема слобoден простор вие едноставно сте го изгубиле просторот, вели професорот Мариноски.
Тој смета дека. во наредниот период мора да се води поголема сметка при планирањето, укажувајќи дека тие што сега ги урбанизираат слободните површини први ќе ги почувствуваат негативните последици.
– Тие што го користат земјиштето сами ќе дојдат до фактот дека не е најдобро што имаме толкав број згради, а малку слободни површини, дури се зафаќаат и плажите, тоа е анархронизмот на современото време меѓутоа сега треба да оддолееме на искушението да го користеме просторот без искористување, додава Мариноски.
Наспроти мислењата на експертската јавност која неодaмна на трибина дебатираше за влијанијата врз животната средина, локалната самоуправа ја уверува јавноста дека урбанистички планови кои таа ги носи се во интерес на пошироката заедница. Не ја загрижуваат ниту големиот број викенд станови и тоа што во лето дел од нив нелегално се издаваат без сопствениците да платат туристичка такса и други давачки. Тоа според градските власти лесно ќе се реши доколку Парламентот го донесе Законот за Охрид, на кој се чека со години.
– За да немаме толку викенд станови треба да се воведе посебен данок, а таква работа може да донесе само Парламентот, не смееме ние. Доколку како општина можеме да донесеме таков закон јас би поставил рампи Подмоље, Љубаништа и Косел и за секој кој влегува во Охрид да има посебна давачка, така е секаде во светот, вели градоначалникот Александар Петрески.
Општинските стручни служби уверуваат дека на Охрид не му се случува урбанистичка деградација, туку урбанизација со која се решаваат потребите на граѓаните и искажаа подготвеност да се отвори поширока стручна дебата за актуелните случувања во градот што подолго време се тема на разговор во јавноста во која се вртат бројни шпекулации околу интересите на нарачателите на урбанистичките планови.