Центарот за јавно здравје Охрид активно се вклучува во спроведување на Националното истражување за исхраната и исхранетоста на децата под 5 години и жени во репродуктивен период, кое започнува од 1 септември.

Со цел да се согледа начинот на исхрана, ухранетоста и дали постои анемија, на женската популација во репродуктивен период од 15-45 годишна возраст и на деца под 5 години, во општините Охрид и Дебарца, од страна на екипите на Центар за јавно здравје Охрид на пунктови кај плоштадот Чинар денеска се вршат бесплатни мерења на тежината, висината и хемоглобин во крвта.

Целта на овие активности е да се детектираат ризик факторите кај граѓаните кои имаат зголемена телесна тежина и да се провери нивото на хемоглобин во крвта кои може да се индикатори на присуство на анемија, и да се зголеми свеста кај оваа категорија граѓани од потребата  за правилана исхрана и здрав животен стил.

Во рамките на овие активности, денес, беше промовирана работата на
Советувалиштето за сексулно и репродуктивно здравје, кое функционира во
рамките на Центарот за јавно здравје Охрид.

OhridNews