Повеќе од две третини од младите водат физички неактивен живот со што го загрозуваат нивното здравје.На овој поразителен факт укажуваат светските истражувања, а сликата не е ништо подобра кај нас. Токму затоа светскиот ден на борба против дијабетесот, во Охрид вчера беше одбележан со големо спортско-училишно дружење во салата „Билјанини извори“. Организатори на настанот беа фармацевтската компанија „Новонордиск“ и „Open fun football“ во соработка со локалната самоуправа и спортскиот центар.
На дружењето присуствуваа стотина деца од основните училишта „Христо Узунов“ и „Живко Чинго“. Покрај едукативните предавања, тие спортуваа и се натпреваруваа во изведување пенали.
Организатирите на спортското дружење на младите им упатија порака да бидат физички активни и да создадат здрави навики кои ќе ги практикуваат и подоцна во животот. На тој начин младите најдобро ќе го зачуваат своето здравје, порачаа организаторите.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com