Вчера во 20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во аптека на булеварот .„Туристичка“ во Охрид, едно лице упатило закана кон вработената по што и одзел пари од касата.

На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информира СВР Охрид.

Синоќа во 21.10 часот при преглед извршен на улицата .„Партизанска“ во Охрид, кај 21-годишно лице од Охрид, пронајдена е и одземена ќеса со опојна дрога марихуана. Тој бил заедно со уште две лица од Охрид на возраст од 20 и 21 година. Сите се приведени во полициска станица. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews