Со коктел-забава и заедничко дружење членовите на Академијата Пандев од Охрид ги прославија успесите од оваа сезона.
– Ваквите собири на екипата се наша обврска бидејќи не само што ќе се дружат туку уште повеќе ќе ги зближат и ќе другаруваат. Зад нас имавме успешна полусезона, а по тие чекори ќе одиме и во следната – рече Гони Мерко тренер на две генерации во охридскиот огранок на Академија Пандев.
„Акадамците“ во Детската фудбалска лига се натпреваруваат во сите категории и забележуваат одлични резултати, а се вистински амбасадори и на охридскиот фудбал ширум Македонија.
Ohridnews