Во кафетеријата „Офсајд“ со заеднички коктел ракометните клубови Охрид и Моби Дик се збогуваа со 2013 година.
Двата ракометни состави имаа исцрпувачки сезони зад нив. „Гладијаторите“ одлично им се спротиставија на сите ривали во Супер лигата, а „китовите“ стигнаа до есенската титулата победувајќи на осум од девет натпревари.
Од двата клуба на сите охриѓани им посакаа среќни новогодишни и божиќни празници.
Мх.П.