Во рамки на одбележување на Неделата на млади 1-7 октомври, младите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид вчера пред платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ под мотото „Нашата приказна продолжува со тебе“ организираа забавен настан „YOUTH DAY“, на кој преку најразлични едукативни работилници и перформанси имаа за цел да ја поттикнат хуманоста и креативноста кај младите.

Младост, хуманост, позитивна енергија ширеа и денес младите волонтери на Црвен крст Охрид, овојпат од платото пред Центарот за клутура „Григор Прличев“ каде во прекрасно дружење, многу едукативни и креативни содржини и забава го одбележаа својот Ден на млади – Youth Day.  Дел од нашите волонтери својот талент го изразија преку изработка на графит-мурал на еден од зидовите на Центарот за култура, дел се забавуваа играјќи креативни игри, дел ги анимираа најмладите минувачи и нивните родители да бидат дел од photo booth сесијата, а сите учествуваа на работилницата за танц, велат од Црвен крст Охрид.

 

Младите на Црвен крст Охрид едногласно пренесоја порака  до сите наши сограѓани и до своите врсници, да се приклучат на големото хумано семејство на Црвениот крст каде на најефикасен и најкорисен начин ќе можат да  ја негуваат хуманоста, солидарноста и благородноста и да се развиваат во високо морални личности.

 

OhridNews