Дел од тимот на охридскиот “З`ш точак“ викендов беа дел од рекреативците кои го освоија врвот Пелистер. Охриѓани не учествуваа во натпреварувачкиот дел но затоа пак “доминираа“ кај рекреативците.

– Без проблеми ги совладавме сите пречки до врвот “Антени“, успешно се справивме со тешкиот терен кој се возеше по нагорнини, во вториот дел возењето беше отежнато поради снегот кој го имаше на оваа делница- вели Жанко Голабоски од “З`ш Точак“.


Охридските велосипедите наредниот викенд ќе земат учество на трките на Водно и во Гази Баба.

М.П.