Граѓаните на Охрид и гостите, од 5 јули , согласно одлуката за организирање посебен режим на сообраќај, со возила во стариот дел на градот ќе можат да се движат исклучиво со специјални пропусници што ќе ги издава Одделението за комунален развој и сообраќај. Такви ќе може да поседуваат само жители од стариот дел од градот со важечка лична карта и сопствено моторно возило со важечка сообраќајна дозвола и истите ќе се заведуваат во регистар за издадени пропусници.
Специјални пропусници ќе се издаваат и на лица кои согласно важечката лична карта не се жители на овој дел од градот или воопшто на градот Охрид, но во своја сопственост поседуваат куќа во тој дел на градот, по предходно нивно барање. Во барањето потребно е да приложат доказ за сопственост на недвижен имот во тој дел на градот како и доказ дека во склоп на нивната катастарска парцела го имаат решено просторот за паркирање. На овие лица ќе им се издаваат онолку пропусници за колку што го имаат решено просторот за паркирање.
од утре стартува летниот режим на сообраќај во Охрид
На издавачите на соби (легла) за приватно сместување ќе им се издаваат онолку пропусници за колку што го имаат решено просторот за паркирање. Како доказ мора да приложат документ за сопственост на недвижен имот во тој дел на градот како и доказ дека во склоп на нивната катастарска парцела го имаат решено просторот за паркирање.
Граѓаните кои минатата година добиле пропусници, потребно е повторно да се јават во просториите на одделението за комунален развој и сообраќај и со себе да ја донесат пропусницата и сообраќајната дозвола, за повторно активирање на сопствениот код, соопшти Одделението за комунален развој и сообраќај.
Г.М.