Денес во 00.20 часот, на кружната крстосница на булеварите  „Туристичка“ и „Македонски просветители“, случена е сообраќајна незгода во која, патнички автомобил марка „Голф“ со германски национални ознаки, со предната десна страна удрил во заштитната метална ограда на кружната крстосница. Возачот на возилото веднаш го напуштил местото на настанот, информираат од СВР Охрид.

По овластување на Јавен обвинител, извршен е увид а по преземени мерки, автомобилот е пронајден во селото Подмолје.

Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, презема дополнителни мерки за пронаоѓање на возачот кој го управувал возилото.

OhridNews