Вчера околу 15 часот во струшкото село Велешта било нападнато 21 годишно лице од страна на друго лице на возраст од 27 години.

Според полицијата, нападот се случил откако на нападнатиот со возило му бил попречен патот по што бил прободен со нож во пределот на ногата. По нападот, напаѓачот се дал во бегство, а повредениот бил пренесен во Општата болница во Струга.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews