Подрачјето кое е под надлежност на Центарот за јавно здравје од Охрид, ќе биде опфатено со авионската дезинсекција која ќе се спроведе во четврток на 20-ти август 2015 година од страна на Министерството за здравство.

Според најавите, дезинсекцијата ќе биде спроведена и на подрачјато на Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Кочани, Струмица, Штип и Велес и ќе бидат опфатени околу 6.000 хектари, со посебен акцент на подрачјата зафатени од поплавите.

Авионската дезинсекција ќе се изврши во утринските часови во периодот од 5 до 8 часот. За таа цел, се известуваат лицата кои чуваат пчели на време да ги преземат потребните мерки за заштита и да не ги пуштаат надвор во наредните три-четири часа од прскањето. Ова е втора вонредна дезинсекција организирана од Министерството за здравство во текот на оваа година.

Министерството за здравство информира дека согласно Акцискиот план за спречување појава и ширење на вектор преносливи болести, со посебен акцент на комарци и крлежи, секоја година, почнувајќи од март до септември, се преземаат активности за дезинсекција на јавни површини и сите општини континуирано спроведуваат дезинсекција на своите подрачја.

OhridNews