Стив Вајтли отишол на трки со коњи и се надевал дека ќе има барем малку среќа да освои некоја фунта. Вложил две фунти и среќата му се насмевнала и повеќе отколку што се надевал, па дома си отишол со дури 1,45 милиони фунти. Повеќето трки ги добиле послаби коњи, а токму на еден од нив се кладел и Стив.
Кога во игра за најголемата премија останало само неговото ливче, почнал да се тресе. Рекол дека се кладел бидејќи го наговорил некој негов пријател. Пред оваа добивка во животот најмногу што успеал да добие била добивка од стотина фунти. ИСтакнал дека и покрај освоената добивка тој ќе продолжи со нормалниот живот и со неговата работа.