До  културно забавниот спектакл на годината „Зимска бајка“ останаа само уште четири дена и само уште малку влезници, па организаторите решија да го објават најавеното изненадување за публиката. Имено,  со секоја купена влезница за настанот станувате потенцијален добитник на една од вредните награди обезбедени од Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, хотел „Тино – Св. Стефан“и Ресторан „Св. Софија“. Затоа чувајте ги влезниците до крајот на шоуто, бидејќи следат изненадувања. – порачуваат организаторите.

Влезниците за вип секторот се целосно распродадени, како и понудените влезници во секторот партер чија продажба беше запрена од познати причини. Останаа само уште малку влезници, кои можат да се најдат единствено во „Топ маркет” кај Чинарот, затоа побрзајте и навреме резервирајте си место за најдоброто музичко – забавно шоу во Охрид на 18 јануари, петок, од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“.

Потсетуваме дека големото шоу „Зимска бајка“ поради прераната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски беше пролонгирано од 22 декември за 18 јануари, ден пред големиот празник Водици. За настанот важат истите нумерирани влезници за претходно објавениот термин, информираат организаторите.

На „Зимска бајка“ ќе настапат: Емилија Маринова, Јован Куциноски, Јане Тодороски со инструментална придружба, кои ќе ги изведат најдобрите празнични песни специјално аранжирани за оваа прилика; актерите и комичари Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски со најновото шоу на “Two mothers brothers” кое премиерно ќе биде изведено на 18 јануари; како и Ѓоко Танески, новата ѕвезда на македонското музичко небо Антониа Гиговска, Анатолиј Арнаудоски, Владимир Кречоски, Емилија Колоска, Димитри Алчев, Ѓорѓи Калајџиев, Никола Јосифоски, кои ќе ги изведат најдобрите рок класици.

За звукот и визуелните ефекти на културно – забавниот спектакл задолжени се „Labino Sound“, а за декорот „Импакт груп“.

Настанот е помогнат од Хотел Чинго – Охрид, Печатница и картонажа Коста Абраш, Општина Охрид, АСП ПАК, Далвина, Горска, Староградско, Куба Либре, „Терен ауто плус“, Виеми, Ресторан „Св. Софија“, Стоматолошки центар „Д-р Баткоски“, АД „Галеб“ Охрид, Кармен Бауцентар, Хотел „Нова Ривиера“, Кафе бар и лаунџ бар „Кадмо“, Рентакар „Ескејп“, Топ Маркети, Ресторан „Далга“, ЈП „Охридски Комуналец“, Моби Петрол, Летра дизајн и ФТУ Охрид.

OhridNews