Клубот за подводни дејности „Охрид“ од Охрид, традиционално секоја година реализира акција за чистење на дното на Охридското Езеро oд цврст отпад. Со видео од минатогодишната акција, кое е посветено на починатиот градоначалник Јован Стојаноски, членовите на клубот ја најавуваат новата еко акција, која треба да се реализира оваа пролет. Музиката за видео спотот е во функција на подигнување на јавната свест за заштита на Охридското Езеро, е на познатиот гитарист Дамјан Пејчиноски.